Реакција од претседателот Ердоган на донесената одлука за учење на Куранот во Турската Република Северен Кипар

Претседателот Ердоган покажа реакција на донесената одлука за попречување на учењето на Куранот во Турската Република Северен Кипар (ТРСК)

1622737
Реакција од претседателот Ердоган на донесената одлука за учење на Куранот во Турската Република Северен Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање џума намаз (петочната молитва) во Истанбул даде изјави во врска со актуелни прашања.

Претседателот Ердоган покажа реакција на донесената одлука за попречување на учењето на Куранот во Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Тој истакна дека апсолутно не може да се дозволи да бидат фрлени чекори коишто ќе претставуваат препрека за учење на Куранот од страна на децата во Турската Република Северен Кипар (ТРСК). 

Претседателот Ердоган, осврнувајќи се на дискусијата во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за овластеност за учењето на Куранот, нагласи дека овие прашања во образованието по веронаука во Турција се решени. 

Велејќи дека сфаќањето на лаицизмот во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) не е онака како што тоа го сфаќа претседателот на Уставниот суд, Ердоган рече: „Не е можно да ја прифатиме оваа изјава на претседателот на Уставниот суд. Сфаќањето на лаицизмот не е онака како што тие го сфаќаат и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) не е Франција. Претседателот на Уставниот суд набрзина треба да се врати од оваа грешка. Доколку не се врати и чекорите коишто ќе ги фрлиме отсега ќе бидат поинакви, треба да го знаат и тоа."

Инаку, Уставниот суд на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кој го разгледа приговорот на Претседателството за верски прашања во однос на овластувањето во врска со учењето на Куранот, донесе одлука дека секој вид образование треба да биде само „под надзор и контрола“ на Министерството за национално образование и култура."

 



Слични вести