Претседателот Ердоган разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Во телефонскиот разговор беше направена проценка на регионални прашања на чело со случувањата во Егејското Море, Источниот Медитеран, Либија и Авганистан и руско-украинската криза

1622840
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со генералниот секретар на НАТО Столтенберг

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претстателството, во телефонскиот разговор беше направена проценка на регионални прашања на чело со случувањата во Егејското Море, Источниот Медитеран, Либија и Авганистан и руско-украинската криза.

Претседателот Ердоган во разговоро истакна дека благодарение на конструктивните чекори и инстистирачките повици на Турција денеска во Егејското Море и Источниот Медитеран преовладува мирна атмосфера.

Велејќи дека на новата либиска Влада треба да ѝ се даде поддршка во сферата на одбраната и безбедноста, Ердоган рече дека Турција придонесува во рамките и во правец на потпишаните договори.

Тој истакна дека искористувајќи ги и можностите и способностите на НАТО на најефикасен начин треба да се продолжи и поддршката на Авганистан.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така додаде дека веруваат оти руско-турската криза треба да се реши по пат на дијалог, на основа на територијалниот интегритет на Украина и Договорите од Минск.



Слични вести