Песков: Не постои заладеност во турско-руските односи, нашите односи се развиваат

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков истакна дека на постои закаденост во односите помеѓу Турција и Русија и дека односите со Турција се развиваат

1622845
Песков: Не постои заладеност во турско-руските односи, нашите односи се развиваат

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков одговараше на прашањата на новинарите во врска со влијанието на одлуката на Русија за ограничување на летовите кон Турција, на односите помеѓу двете земји.

Песков истакна дека нема заладеност во односите помеѓу Русија и Турција. 

Негирајќи ги тврдењата дека во последно време одат кон лошо односите помеѓу двете земји, Песков рече: "Односите со Турција се развиваат. Состојбата во врска со туристичката забрана нема никаква врска со билатералните односи. Тоа целосно е поврзано со епидемијата и влошената епидемиолошка состојба."

Песков истакна дека турските функционери покажуваат разбирање по прашањето на одлуката на Русија и рече: "Секако нашите турски партнери можат да ги разберат нашите грижи за нашите сопствени граѓани. Всушност и партнерството е тоа."

Освен тоа, Песков и на поставеното прашање дали оваа одлука значи "заладување" во односите помеѓу Турција и Русија, одговори со зборовите "Секако не".

Потсетувајќи дека врската што ја воспоставува Турција со соседните земји е во склопот на суверените права, Песков додаде дека разговорите помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски се поврзани со билатералните односи помеѓу двете земји.

 



Слични вести