Односите меѓу Либија и Турција

Анализа на доц. д-р Мурат Јешилташ, директорот за безбедносни истражувања од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1622495
Односите меѓу Либија и Турција

 

Премиерот на либиската Влада на националното единство Абдулхамид Дибејбе од доаѓањето на власт, на 12 април 2021 година заедно со високите државни бирократи и службеници на владата (вклучувајќи го и Претседателскиот совет) престојуваа во посета на Анкара. Дибејбе заедно со 14 министри во негова придружба престојуваа во посета на Анкара.  Првиот состанок на Високиот совет за стратешка соработка меѓу Турција и Либија се одржа во овој контекст. Како резултат на состанокот, беа потпишани пет важни договори меѓу владите.

Посетата првенствено има симболично значење. Од назначувањето на Дибејбе за премиер на 5 февруари 2021 година, Дибејбе и претседателот на претседателскиот совет (БК), Мухамед Јунус ел-Менефи, добија честитки и пораки за поддршка од владите, шефовите на држави и меѓународните организации на многу земји. Честитките и пораките за поддршка беа проследени со голем број посети. Во текот на изминатиот период, Дибејбе и Менефи престојуваа во посета на низа странски метрополи и беа домаќини на многу странски делегации и гости во Триполи.

Бидејќи Владата на национално единство на Либија се појави како легитимна структура што ја укина можноста за поделба во Либија по долгогодишните конфликти, сите веќе вклучени актери во Либија се обидуваат да воспостават врска со националната влада. Тука спаѓаат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет, Русија и Франција, кои се обидоа да ја соборат Владата на национално единство на Либија, поддржувајќи го Хафтар.

Не само сегашните вклучени актери, туку и сите актери кои очекуваат да имаат корист од Либија во иднина, се обидуваат да контактираат и да имаат добри контакти со Владата на националното единство, да развијат добри односи, да имаат одредено влијание врз тоа и да добијат отстапки од Либија во иднина. Во такво опкружување, досега највисоката посета на премиерот Дибејбе и Владата на национално единство на Анкара, предизвикаа Турција да се најде на списокот на актерите вклучени во Либија како „прв меѓу еднаквите“.

Една од најкарактеристичните карактеристики на посетата е тоа што беше реализирана со најбројна министерска делегација. Кабинетот на Владата на национално единство е компромисен и концесиски кабинет формиран од премиерот Дибејбе со одржување на многу различни рамнотежи како што се градовите и регионите во рамките на земјата. Главната задача на владата со истакнат технократски аспект е да направи подготовки што ќе ја одведат земјата на избори на 24 декември 2021 година, да ги обедини поделените и ривалски институции и тела и конечно да и служи на јавноста во овој период. Поради силниот авторитет што не можеше да се воспостави од 2011 година наваму, како и граѓанската војна што ја започна Хафтар по 2014 година и лошото управување по нападот на Хафтар врз Триполи во 2019 година Либија се соочува со сериозни проблеми скоро во секоја област, од здравството до образованието, од инфраструктурата до безбедноста. Она што е поважно од идеолошката ориентација на политичките фигури за либискиот народ е пружање услуги што ќе ги подобрат дневните услови за живот на минимално ниво.

Поради оваа причина, Владата на националното единство, предводена од Дибејбе, треба да произведе решенија што ќе го нормализираат секојдневниот живот на луѓето на исклучително и практично ниво. При оваа посета, не само што го придружуваа Дибејбе и неговиот близок тим, неговите 14 извршни министри, секој извршен министер посебно стапи во контакт со нивниот турски колега, се запознаа лично, целата посета имаше за цел ги исполни и служи на целите за подготвување терен за идна соработка на практично ниво. Во тој контекст се состанаа министрите за надворешни работи, индустрија, образование, внатрешни работи, животна средина, локална самоуправа, домување, трговија, Министерство за трезор и финансии и енергија. Премиерот Дибејбе, кој исто така е и Министер за одбрана, се состана и со министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Еден од најважните делови на договорите потпишани меѓу Либија и Турција како резултат на средбите се трите електрани кои ќе ги гради една турска компанија во Либија. Во Либија, за време на револуцијата и за време на граѓанската војна, беа оштетени многу инфраструктурни елементи, дополнително на тоа лошата управа со електраните, небрежноста и занемарувањето, за жал предизвикаа невозможност за давање натамошни услуги. Денес, еден од најголемите проблеми што негативно влијае на секојдневниот живот на либискиот народ е постојаниот прекин на електричната енергија. Електраните што ќе се градат, ќе дадат значителен придонес во решавањето на проблемите со производство и снабдување со електрична енергија во Либија. Оваа соработка во областа на производство и снабдување со електрична енергија ќе биде само почеток, проследена со соработка, трансфер на искуство и градење на капацитети во други области.

Во однос на политичко-стратешките аспекти на новата влада на Либија, Турција е важен актер и свесна е дека актерската улога на Турција е прифатена од страна на другите меѓународни актери. Европските земји и САД, размислуваат за тоа дека одржувањето на тековниот мировен и политички процес во Либија ќе биде тешко без Турција. Гледано од тој аспект, либиската влада Турција ја смести во една ваква стратешка позиција. Затоа посетата треба да се сфати како доказ за тоа, вели авторот на програмата доц. д-р Мурат Јешилташ, директорот за безбедносни истражувања од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести