Ердоган: Нашиот министер за надворешни работи му ја одржа потребната лекција на Дендиас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Нашиот министер за надворешни работи му ја одржа потребната лекција на Дендиас“

1622664
Ердоган: Нашиот министер за надворешни работи му ја одржа потребната лекција на Дендиас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) од џамијата Керем Ајдинлар во Истанбул даде изјави во врска со актуелни прашања.

Во врска со затегнатоста до којашто дојде по ставот на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас за време на одржаната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара, претседателот Ердоган рече: „Нашиот министер за надворешни работи му ја одржа потребната лекција на Дендиас.“

Освен тоа, претседателот Ердоган во врска со применувањата на Грција кон турското малцинство во Западна Тракија ги изнесе следните критикувања: „Сеуште главниот муфтија (на Турците во Западна Тракија) го назначувате вие самите. Според Лозана (Договорот од Лозана) немате право да го назначувате тамошниот главен муфтија. Ние не го назначуваме патријархот.“



Слични вести