Во операција кај Хаќќари се запленети големи количини муниција и материјали на терористите

Во реализирана операција во руралното подрачје на градот Хаќќари се запленети големи количини мунија и материјали на терористите

1622204
Во операција кај Хаќќари се запленети големи количини муниција и материјали на терористите

Во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Шемдинли кај градот Хаќќари се запленети големи количини мунија и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Хаќќари, продолжува операцијата " Ерен-9 Јајлапинар-2 шехид жандармериски постар водник Саџид Олџај Кабаклиоглу" којашто се води од страна на припадниците на градската команда на жандармеријата за дешифрирање и спречување на активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Во 6 буриња во утврдената пештера вчера во месноста Ескијајлапинар во селото Јајлапинар кај населеното место Шемдинли се запленети муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Операцијата во подрачјето продолжува.

Ви реализирана операција во населеното место Мазгирт кај градот Тунџели пак, е доведена во неупотреблива состојба едно пронајдено засолниште на терористите.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Тунџели, екипите на градската команда на жандармеријата во рамките на операцијата "Ерен-7 Мерџан Мунзур" реализираа операција во руралното подрачје на Мазгирт.

Притоа безбедносните сили за време на активностите за пребарување на теренот открија едно засолниште за кое е установено дека се користи од страна на терористите.

Во реализираните пребарувања во засолништето се запленети големи количини материјали за обезбедување на животните потреби на терористите, по што засолништето беше уништено.

Продолжуваат операциите за неутрализирање на терористичките елементи во подрачјето.

 



Слични вести