Спасени мигрантите во турските територијални води кои беа турнати од грчката крајбрежна стража

34-те бегалци, за кои беше осознаено дека грчката крајбрежна стража ги турнала во турските територијални води, а кои се обидоа да заминат на островот Мидилли (Лезбос), беа однесени во Командниот центар на крајбрежната стража на островот Џунда

1621615
Спасени мигрантите во турските територијални води кои беа турнати од грчката крајбрежна стража

Спасени 40 бегалци кои беа турнати во морето од страна на грчката крајбрежна стража во турските територијални води кај Баликесир и Мугла.

Екипите на турската крајбрежна стража, по информацијата дека крај округот Ајвалик во Егејското Море има бегалци на гумен чамец, за кратко време стигнаа во подрачјето.

34-те бегалци, за кои беше осознаено дека грчката крајбрежна стража ги турнала во турските територијални води, а кои се обидоа да заминат на островот Мидилли (Лезбос), беа однесени во Командниот центар на крајбрежната стража на островот Џунда.

Во меѓувреме, екипите на командата на крајбрежната стража презедоа активности по информацијата дека група нерегуларни мигранти биле пронајдени во спасувачкиот сплав покрај Мармарис кај Мугла.

6 лица беа спасени откако беше осознаено дека грчката крајбрежна стража ги турнала во турските територијални води.

По постапките за утврдување на идентитетот на лицата, нерегуларните мигранти беа испратени во Покраинскиот директорат за имиграција.



Слични вести