Претседателот Ердоган го прими грчкиот министер за надворешни работи Дендиас

Претседателот Ердоган го прими грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас кој престојува во посета на Анкара, а присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1622173
Претседателот Ердоган го прими грчкиот министер за надворешни работи Дендиас

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас кој престојува во посета на Анкара. 

На приемот присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Двајцата министри за надворешни работ, Чавушоглу и Дендиас ќе одржат средна лице в лице, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција. 

На средбата помеѓу двајцата шефови на дипломатии ќе бидат поставени на маса сите наслови помеѓу двете земји на чело со Источниот Медитеран, мигрантската криза, Кипар и проблемите во Егејот. 

По разговорите, Мевлут Чавушоглу и Никос Дендиас во салата за изложби во претседателската палата „Куллијето“ ќе одржат заедничка прес-конференција. 

Потоа грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во претседателската палата ќе учествува и на ифтарска вечера.

 



Слични вести