Чавушоглу: Веруваме дека проблемите со Грција можат да се решат со конструктивен дијалог

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа заедничка прес-конференција со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас кој допатува во официјална посета на Анкара

1622223
Чавушоглу: Веруваме дека проблемите со Грција можат да се решат со конструктивен дијалог
Çavuşoğlu Dendias.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас кој допатува во официјална посета на Анкара.

По остварената средба лице в лице, двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Дендиас одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу упати повик да се стои далеку од доведување до состојби на свршен чин и провокативни реторики во односите помеѓу Турција и Грција.

Тој рече: „Веруваме дека присутните проблеми со Грција можат да се решат со конструктивен дијалог.“

Велејќи „Турците во Западна Тракија ако велат дека се Турци, тие се Турци. Тоа морате да го прифатите.“, министерот Чавушоглу нагласи дека животот во спокојство на малцинствата кои живеат во двете земји ќе има позитивни рефлексии на односите.

Подвлече дека Турција ги продолжува своите активности во континенталниот гребен што го утврди во Источниот Медитеран и го регистрира во Обединетите нации (ОН).

Нагласувајќи дека Турција до денеска покажа што би можела да направи против чекорите коишто ја исклучуваат Турција и се негираат (сметаат за ништовни) правата на кипарскиот турски народ, Мевлут Чавушоглу рече: „Турција располага со сила да ги одбрани сопствените права и правата на кипарскиот турски народ.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу појасни дека со гостинскиот министер на искрен начин го разгледале и прашањето со борбата против тероризмот, во врска со што го рече следното: „Ние посакуваме да видиме поефикасна соработка особено во нашата борба против терористичките организации како што се ФЕТО, ПКК и ДХКП-Џ.“

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас пак, истакна дека би можеле да воспостават позитивна агенда со Турција во сферата на економијата.

Велејќи дека неговата земја го поддржува членството на Турција во Европската унија (ЕУ), Дендиас соопшти дека се спремни за разгледување на прашањата како што е визната либерализација (за безвизно патување на турските граѓани во земјите на Европската унија.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас пред средбата со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, беше примен и кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

 



Слични вести