Чавуошлу оствари телефонски разговор со премиерот на северот на Ирак Барзани

Барзани на Чавушоглу му изрази сочувство за жртвте во нападите во Ербил и Башика

1621597
Чавуошлу оствари телефонски разговор со премиерот на северот на Ирак Барзани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера оствари телефонски разговор со премиерот на Регионалната влада на Ирачките Курди Месрур Барзани.

Според дипломатски извори, Барзани на разговорот, на Чавушоглу му изрази сочувство за жртвите во нападите во Ербил и Башика.

Чавушоглу, кој снимките со нападите ги сподели на својот профил на социјалните мрежи, истакна:

„Им посакувам божја милост на нашите херои кои загинаа во подмолниот напад во областа на базата Башика на северот на Ирак; им посакувам сочувство на нивните семејство, на другарите по оружје и на нашата голема нација“.



Слични вести