Варанк: „Не увезуваме било каков технолошки производ од Канада за наоружаните беспилотни летала (СИХА)“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во споделената објава на својот профил на Твитер напиша: „Нема било каков технолошки производ за наоружаните беспилотни летала (СИХА) којшто Турција го увезува од Канада.“

1620736
Варанк: „Не увезуваме било каков технолошки производ од Канада за наоружаните беспилотни летала (СИХА)“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Турција не увезува било каков технолошки производ од Канада за наоружаните беспилотни летала (СИХА).

Министерот Варанк во споделената објава напиша: „Нема било каков технолошки производ којшто Турција го увезува од Канада, за наоружаните беспилотни летала (СИХА). Имаше камери коишто им беа поставени на наоружаните беспилотни летала (СИХА) како корисен товар, но и нив веќе ги произведува АСЕЛСАН (Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција).“

Овие изјави на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк следеа откако Канада наведе дека ги откажала дозволите за извоз на технолошки производи во Турција коишто се користат кај наоружаните беспилотни летала (СИХА).

 



Слични вести