Уште еден терорист им се предаде на турските безбедносни сили

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа оваа година по пат на убедување се зголеми на 51

1621141
Уште еден терорист им се предаде на турските безбедносни сили

Како резултат на активностите за убедување уште еден терорист кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предаде на турските безбедносни сили.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа оваа година по пат на убедување се зголеми на 51. 

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во врска со предадениот терорист е установено дека и се приклучил на терористичката организација во 2005 година и делувал во Ирак.

Од друга страна, во реализираните операции од страна на турските безбедносни сили во првите три месеци на 2021 година се неутрализирани вкупно 382 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Меѓу неутрализираните терористи се наоѓаат и терорист на ПКК т.н. одговорен теренот на Аманос од списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја и т.н. одговорен за Мардин и т.н. одговорен за теренот Мардин Багок ог категоријата со портокалова боја.

Во реализираните операции се уништени и засолништа и скривници на терористите.



Слични вести