Турција и испрати на Либија 150 илјади вакцини против Ковид-19

Министерството за национална одбрана соопшти дека авионот со 150 илјади дози вакцини полета од Анкара за Либија

1621284
Турција и испрати на Либија 150 илјади вакцини против Ковид-19

Во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од страна на Турција и се испратени 150 илјади дози вакцини на Либија.

Министерството за национална одбрана соопшти дека авионот со 150 илјади дози вакцини полета од Анкара за Либија.

Во објавеното соопштение на Министерството се вели следното: „Авионот на нашите Воздухопловни сили кој ќе ги однесе во Либија вакцините против Ковид-19 подготвени на инструкција на нашиот почитуван претседател Реџеп Тајјип Ердоган, по завршувањето на подготовките полета од аеродромот Етимесгут во Анкара. Вакцините ќе им бидат доставени на нашите либиски браќа.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на остварената средба со премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе кој на почетокот на неделата со голем број министри допатува во посета на Анкара, го рече следното: „На Либија ќе и доставиме 150 илјади дози вакцини против Ковид-19.“



Слични вести