Претседателот Ердоган за изјавите на италијанскиот премиер Драги: Тој не си ја знае сопствената историја

Претседателот Ердоган во врска со изјавите на италијанскиот премиер Драги од чија страна беше наречен „диктатор“ истакна дека тоа претставува непромисленост, неучтивост и не си ја знае сопствената историја

1621394
Претседателот Ердоган за изјавите на италијанскиот премиер Драги: Тој не си ја знае сопствената историја

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Народната библиотека во склопот на претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, во рамките на манифестацијата „Библиотекарски разговори“, одговараше на прашањата на младите.

Во врска со изјавата на италијанскиот премиер Марио Драги од чија страна беше наречен „диктатор“, претседателот Ердоган зборовите на Драги ги окарактеризира како непромисленост, неучтивост и рече дека не си ја знае сопствената историја.

Нагласувајќи дека изјавата на италијанскиот премиер претставува потполна непромисленост, потполна неучтивост, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Точно во период кога се надевавме дека турско-италијанските односи ќе дојдат на добра точка се појави овој човек наречен Драги кој со оваа дадена изјава за жал ја удри секирата врз нашите односи. Ионака ти си дојден таму со назначување, не си избран на избори. За да би употребил еден таков израз за Тајјип Ердоган, ти не би требало да си ја познаваш сопствената историја, но видовме дека и немаш поима (не си ја знаеш сопствената историја).“

 



Слични вести