Претседателот Ердоган: Канал Истанбул е важен проект за целосна независност и сувереност

Претседателот Ердоган во врска со проектот Канал Истанбул го рече следното: „Овде придаваме дело со коешто целосно ќе ја воспоставиме нашата независност, нашата сувереност“

1621381
Претседателот Ердоган: Канал Истанбул е важен проект за целосна независност и сувереност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Народната библиотека во склопот на претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, во рамките на манифестацијата „Библиотекарски разговори“, одговараше на прашањата на младите.

Претседателот Ердоган во врска со проектот Канал Истанбул го рече следното: „Овде придаваме дело со коешто целосно ја воспоставуваме нашата независност, нашата сувереност.“

Ердоган беше запрашан за тоа кои ќе бидат предностите на Канал Истанбул за Турција и дали ќе се напушти Договорот за морските теснеци од Монтре.

Притоа, претседателот Ердоган истакна дека проектот Канал Истанбул нема никаква врска со Договорот од Монтре и го рече следното: „Тоа е канал во должина од 42-43 километри. Со овој канал го поврзуваме Црното Море со Мраморното Море. Заедно со тоа времето на чекање за бродовите таму кои доаѓаат од Црното Море и од Мраморното Море е во наша надлежност (зависи од нашата иницијатива). Тоа нема никаква врска ниту одблизу со Монтре. Монтре е договор во врска со Истанбулскиот морски теснец (Босфорот). Така да овде придаваме дело со коешто целосно ја воспоставуваме нашата независност, нашата сувереност.“

Велејќи дека Канал Истанбул ќе ја направи Турција поспокојна, поудобна и Истанбул ќе се здобие со многу големо богатство, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека воедно и Истанбулскиот морски теснец (Босфорот) во сериозна смисла ќе биде опуштен (ќе биде растоварен) во еколошка смисла.

 



Слични вести