Чавушоглу за односите со Египет: Во новиот период може да има и обострани посети и разговори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со односите со Египет најави дека во новиот период би можеле да бидат остварени обострани посети и го рече следното: „Во новиот период може да има и обострани посети и разговори“

1621025
Чавушоглу за односите со Египет: Во новиот период може да има и обострани посети и разговори

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде изјава за новинарите во Анкара во врска со актуелниот дневен ред.

Чавушоглу во врска со односите со Египет најави дека во новиот период би можеле да бидат остварени обострани посети и го рече следното: „Во новиот период може да има и обострани посети и разговори.“

Велејќи дека ќе се одржи состанок на ниво на заменик министри за надворешни работи помеѓу двете земји, Чавушоглу рече дека планирањето по ова прашање продолжува и дека датумот засега не е утврден. 

Мевлут Чавушоглу појасни дека засега не е разговарано по прашањето на назначување на амбасадор во Египет и дека ова прашање би можело да биде поставено на дневен ред на состанокот што ќе се одржи на ниво на заменик министри за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на Анкара и истакна дека средбата со Дендиас е одложена за утре.

Чавушоглу информира дека денеска во Штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел ќе се одржи состанок на Советот на НАТО и дека затоа со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас разговарале телефонски, а утре во Анкара ќе разговараат лице в лице.



Слични вести