Чавушоглу: Одлуката на Русија за ограничување на летовите за Турција не е политичка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека одлуката на Русија за ограничување на летовите за Турција не е политичка

1620946
Чавушоглу: Одлуката на Русија за ограничување на летовите за Турција не е политичка

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава за новинарите во Анкара истакна дека одлуката на Русија за ограничување на летовите за Турција не е политичка.

Чавушоглу напомена дека се започнати разговорите за соработка на релација Москва-Анкара и рече дека во одлуката на Русија за ограничување на летовите за Турција не гледаат било каква политичка причина, туку дека е донесена одлука целосно поради здравствени причини. 

Појаснувајќи дека соработката во туризмот којашто минатата година беше потпишана со Германија посакуваат да се постигне и со Русија за што била известена руската страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека во тие рамки делегација од Русија за увид и разгледување на лице место на здравствените применувања ќе допатува во Турција.

 



Слични вести