Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со либискиот премиер Дибејбе

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со либискиот премиер и воедно министер за одбрана Абдулхамид Дибејбе

1620311
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со либискиот премиер Дибејбе

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со премиерот на Владата на национално единство на Либија и воедно министер за одбрана Абдулхамид Дибејбе.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Хулуси Акар вчера се состана со либискиот премиер воедно и министер за одбрана Абдулхамид Дибејбе кој на покана на претседателот Ердоган допатува во Анкара со голем број министри за состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Либија. 

На средбата на која беа разменети мислења во врска со последната состојба во Либија, министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција има за цел да придонесе за формирање на Либија која ќе го воспостави својот територијален интегритет и политичкото единство и која ќе живее во мир, спокојство и стабилност.

Велејќи дека Турција ќе продолжи со поддршката со обука, помош и консултации што им ја дава на своите либиски браќа во воената и безбедносната сфера, министерот Хулуси Акар додаде дека Либија ја поддржува стабилна, независна и суверена Либија.

 



Слични вести