Хулуси Акар: Ние сме на страната на што поскоро завршување на руско-украинската затегнатост

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека ги следат одблизу случувањата во Украина, дека Киев е стратешки сојузник на Турција и дека Турција е на страната на што поскоро завршување на руско-украинската затегнатост

1620574
Хулуси Акар: Ние сме на страната на што поскоро завршување на руско-украинската затегнатост

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одржа состанок преку видеоконференција со командантите на родовите и командантите на регионалните единици. 

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, Хулуси Акар во говорот што го одржа на состанокот укажа на тоа дека ги следат одблизу случувањата во Украина и нагласи дека Киев е стратешки сојузник на Турција. 

Акар истакна дека Турција е на страната на што поскоро завршување на руско-украинската затегнатост.

Потсетувајќи дека Турција дава изјави по прашањето на безбедноста на народот на Украина, неговото живеење во мир и територијалниот интегритет, министерот за национална одбрана Хулуси Акар продолжи со следните зборови: „Рековме дека не ја признаваме окупацијата на Крим. Рековме дека покажуваме заинтересираност од близу кон иднината и постоењето на кримските Татари, таму. Ние како што велиме секогаш, сме на страната на што поскоро завршување на затегнатоста помеѓу Русија и Украина, во рамките на меѓународното право, почитувајќи го територијалниот интегритет, со мирољубиви патишта. И за тоа ние како Турција ја обезбедуваме секој вид поддршка и на двете страни по прашањето на одржување на средби и разговори, воспоставување на дијалог, што поскоро решавање на оваа работа со мирољубиви методи.“



Слични вести