Ердоган: Во првите две недели од месецот Рамазан одиме кон применување на делумно затворање

Претседателот Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет ги соопшти новите донесени одлуки во рамките на борбата против коронавирусот кои ќе стапат во сила од 15 април, среда и ќе траат во првите две недели од месецот на постот Рамазан

1620612
Ердоган: Во првите две недели од месецот Рамазан одиме кон применување на делумно затворање

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 273 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 34.455 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 306.563 тестирања од кои се дијагностицирани 2.723 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 59.187 лица.

Заврши лекувањето на уште 52.104 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 3 милиони 424 илјади 733 лица.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет ги соопшти новите донесени одлуки во рамките на борбата против епидемијата.

Претседателот Ердоган информира дека во рамките на донесената одлука за 15 дневно делумно затворање на крајот на неделата (викендите) ќе се применува целосна забрана за движење, а во работните денови од 19:00 часот до 05:00 часот наутро (по локално време), ќе бидат забранети патувањата меѓу градови во овие часови со исклучок на задолжителни состојби, флексибилното работно време коешто ќе се прошири во јавниот сектор ќе се поттикнува и во приватниот сектор, ќе продолжи далечинското образование со исклучок на одделенијата кои се подготвуваат за различни испити и предучилишното образование, рестораните и угостителските објекти ќе можат да вршат само шалтерска услуга и достава т.н. пакет сервис, колективните собири (забави, прослави и сл.) во затворени простории ќе бидат одложени (за еден месец). 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така го достави и следното предупредување „Доколку во периодот од две недели не можеме да обезбедиме подобрување во процент кон кој целиме ќе биде неизбежно да бидат воведени многу поригорозни применувања.“

 



Слични вести