Ердоган одржа заедничка прес конференција со либискиот премиер Дибејбе

Заштитата на суверенитетот на Либија, територијалниот интегритет и политичкото единство како и благосостојбата на либискиот народ се наши приоритетни цели

1619989
Ердоган одржа заедничка прес конференција со либискиот премиер Дибејбе

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Меморандумот за разбирање што го потпишавме со Либија за поморските надлежности ќе ги обезбеди националните интереси и иднината на двете земји“.

Претседателот Ердоган одржа заедничка прес-конференција со либискиот премиер на Владата на националното единство Абдулхамид Дибејбе, кој престојува во официјална посета на Анкара.

Ердоган во говорот во оваа прилика рече: „Заштитата на суверенитетот на Либија, територијалниот интегритет и политичкото единство како и благосостојбата на либискиот народ се наши приоритетни цели. Нашата поддршка на Либија го спречи падот на Триполи, спречи нови масакри и крвопролевања и обезбеди примирје“.

Истакнувајќи дека меморандумот за разбирање потпишан со Либија за поморските надлежности (во декември 2019 година) „ги гарантира националните интереси и иднината на двете земји“, претседателот Ердоган рече: „Ќе продолжиме со заедничките напори за воспоставување мир, спокојство и просперитет во цела Либија“.

Ердоган, нагласи дека натамошните приоритети на Турција е да се обезбеди подолг авторитетот на (либиската) Владата на националното единство и суверенитет. Турција ќе продолжи да ја пружа поддршка на  (либиската) Владата на националното единство како што тоа го правеше на сите претходни легитимни влади“.

„Се надевам дека ќе заврши крајот на периодот за стекнување придобивки во Либија против Либијците со поддршка на нелегитимните актери“ рече Ердоган упатувајќи повик до меѓународната заедница да ја поддржи Либија за одржување на изборите во закажаниот термин (24 декември).

Претседателот Ердоган изјави дека со премиерот Дибејбе кој престојува во посета на Анкара се согласиле за забрзување на чекорите за враќањето на турскиот приватен сектор во Либија и дека почнувајќи од утре, на Либија ќе и достават 150 илјади дози вакцина против новиот вид на коронавирус (Ковид-19).

Либискиот премиер Дибејбе изрази благодарност на Турција „заради нејзината поддршка за постојан прекин на огнот во Либија“.

Подвлекувајќи дека тие сакаат билатералните односи да се развиваат во интерес на двете земји, Дибејбе рече: „Посакуваме нашите односи со нашите браќа Турци да достигнат ниво на модел за светот“.

Во меѓувреме, во присуство на претседателот Ердоган и либискиот премиер Дибејбе беа потпишани 5 договори меѓу двете земји.



Слични вести