Ердоган: Единственото што го бараме од ЕУ е да бидеме подложени на исти процеси како другите земји

Претседателот Ердоган рече: „Единственото што го бараме од Европската унија (ЕУ) да бидеме подложени на исти процеси и применувања како другите земји кои беа примени во членство“

1620586
Ердоган: Единственото што го бараме од ЕУ е да бидеме подложени на исти процеси како другите земји

Претседателот Реџеп Тајјип по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет истакна дека единственото што го бара Турција од Европската унија (ЕУ) да биде подложена на исти процеси и применувања како другите земји кои беа примени во членство.

Претседателот Ердоган рече: „Напорите на Турција по прашањата на демократијата, човековите права, правната држава, довербата во економијата и стабилноста, првенствено имаат за цел да се издигне нивото на правата, слободите и просперитетот на своите граѓани. Доколку овој процес го водиме со Европската унија (ЕУ) ќе бидеме многу задоволни, во спротивно ние ионака ќе продолжиме да го правиме она кое што е најдобро, аирлија, корисно за нашите сопствени граѓани.“

Велејќи дека верува оти секој чекор што ќе биде фрлен во правец на развивање на односите со Украина е значајно за мирот и спокојството на регионот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по прашањето на Либија го рече следното: „На Либија со којашто располагаме приближно 500 годишни древни односи, ѝ придаваме значење најмалку колку нашиот опстанок, посакуваме да живее во мир и благосостојба.“

 



Слични вести