Чавушоглу оствари телефонски разговор со канадскиот колега Гарно

На разговорот исто така беше изразено незадоволството од ставот на Канада за ограничувања на одбранбената индустрија на Турција и беше доставено барање да се ревидира овој став

1620032
Чавушоглу оствари телефонски разговор со канадскиот колега Гарно

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со канадскиот министер за надворешни работи Марк Гарно.

Според дипломатски извори, на средбата беа разгледани билатералните односи.

На разговорот исто така беше изразено незадоволството од ставот на Канада за ограничувања на одбранбената индустрија на Турција и беше доставено барање да се ревидира овој став.

Во писменото соопштение од Министерството за надворешни работи беше истакнато следното: „Г-динот министер Мевлут Чавушоглу, оствари телефоснки разговор со министерот за надворешни работи на Канада Марк Гарно. На разговорот беа разменети мислења во врска со билатералните односи, беше пренесено незадоволството од ставот за ограничувањата  кои ги презеде Канада во однос на одбранбената индустрија на Турција и беше доставено барање за повторно разгледување и ревидирање на овој став“.

Канадскиот министер за надворешни работи Гарно во изјавата во врска со разговорот рече: „Турција е важен сојузник на НАТО и апликациите во врска со програмата за соработка во НАТО ќе биде оценета зависно од состојбата“.



Слични вести