Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 3.272.629

Во последните 24 часа беа остварени 301.068 тестови

1619973
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 3.272.629

 

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 243 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 34.182.

Во последните 24 часа беа остварени 301.068 тестови, а беа регистрирани 2.671 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 54.562.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 35.786 лица, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 3. 3.272.629.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахретин Коџа рече дека „85 отсто од новите случаи се предизвикани од мутираната верзија на вирусот во Велика Британија“.

Министерот Коџа, во изјавата по состанокот со научниот совет рече: „Во блиска иднина, ќе постигнеме имунитет на општеството преку обезбедување разновидност на вакцините со снабдување и преку производство на домашнивакцини“.

Посочувајќи дека „има нов врвен период во кој заразата се зголемува уште повеќе“, Коџа побара поголема чувствителност за во однос на близок контакт меѓу поединците.



Слични вести