Средби на министрите на Турција со министрите на Либија кои допатуваа на разговори во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со министерката за надворешни работи на Владата на национално единство на Либија Неџла ел-Менгуш

1619731
Средби на министрите на Турција со министрите на Либија кои допатуваа на разговори во Анкара
Ahmed Ali Ebu Heyse-mustafa varank.jpg
Halid et-Ticani Mazin-suleyman soylu.jpg
Halid El-Mabrouk Abdullah-lutfi elvan.jpg
mengus-cavusoglu.jpg

Продолжуваат средбите и разговорите на либиската делегација (составена од премиерот на Владата на национално единство Абдулхамид Дибејбе и голем број министри) кои допатуваа во поста на Турција за првиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Либија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со министерката за надворешни работи на Владата на национално единство на Либија Неџла ел-Менгуш.

Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека на остварената средба во Анкара е нагласена заедничката одлучност во однос на зајакнувањето на турско-либиското пријателство и соработката.

Велејќи дека средбата е остварена пред првиот состанок за Стратешка соработка на високо ниво, Чавушоглу рече: „Во овој историски процес ќе продолжи нашата поддршка на братска Либија.“

Министерот за трезор и финансии Лутфи Елван исто така се состана со либискиот министер за финансии Халид ел-Мабрук Абдулах.

Министерот Елван на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Либискиот министер за финансии Халид ел-Мабрук Абдулах го пречекавме во нашето Министерство. На одржаната средба ги разгледавме сферите на соработка помеѓу нашите министерства.“

Министерката за трговија Рухсар Пекџан се состана со своите либиски колеги, министерот за економија и трговија Мухамед Али ел-Хувејџ и министерот за планирање Фахир Мифтах Ебуферна. 

Министерката Пекџан во дадената изјава овде рече: „Турција ќе продолжи да биде покрај потезите на Либија за развој.“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк оствари одделни билатерални средби со либискиот министер за индустрија и руди Ахмед Али Ебу Хејсе и министерот за високо образование и научни истражувања Имран Мухамед Абдунеби.

Министерот Варанк, уажувајќи дека постојат значајни можности за правење на нови почетоци по прашањето на интегрирање на Либија кон глобалната економија, рече: „Треба да го издигнеме на одредена точка потенцијалот на Либија особено во сферата на индустријата, рударството и иницијаторството. И тие кои ќе го направат тоа сме ние министрите, ќе продолжиме да работиме заедно.“

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу се состана со својот либиски колега, министерот за внатрешни работи Халид ет-Тиџани Мазин кој исто така се наоѓа во делегацијата на премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе кој престојува во посета на Турција во придружба на голем број министри.

Министерот за национално образование Зиха Селчук исто така оствари средба со либискиот министер за високо образование и научни истражувања Имран Мухамед Абдунеби.

 



Слични вести