Средба на министерот за внатрешни работи Сојлу со својот либиски колега Мазин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу се состана со својот либиски колега Халид ет-Тиџани Мазин Министерството во Анкара

1619653
Средба на министерот за внатрешни работи Сојлу со својот либиски колега Мазин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу се состана со својот либиски колега, министерот за внатрешни работи Халид ет-Тиџани Мазин кој се наоѓа во делегацијата на премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе кој претсојува во посета на Турција во придружба на голем број министри.

Либискиот министер за внатрешни работи Халид ет-Тиџани Мазин го посети министерот Сулејман Сојлу во неговата канцеларија во Министерството во Анкара.

Министерот Сојлу му честита на својот колега Мазин за формираната нова Влада во Либија на која и посака успех и истакна дека чувствува задоволство од посетата на како што рече либиските браќа на Турција.

Сулејман Сојлу појасни дека ова ќе биде силна средба со мошне конструктивни чекори кон иднината. 

Либискиот министер за внатрешни работи Халид ет-Тиџани Мазин пак, истакна дека пријателството помеѓу Турција и Либија располага со долгогодишно минато и ја достави својата благодарност за средбата.

Состанокот помеѓу двајцата министри за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и Халид ет-Тиџани Мазин, по фотографирањето од страна на претставниците на печатот, продолжи затворен за медиумите.



Слични вести