Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк се состана со своите либиски колеги Ебу Хејсе и Абдунеби

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк оствари одделни средби со либиските министри за индустрија и руди Ахмед Али Ебу Хејсе и за високо образование и научни истражувања Имран Мухамед Абдунеби

1619709
Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк се состана со своите либиски колеги Ебу Хејсе и Абдунеби
varank2.jpeg

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк оствари одделни билатерални средби со либискиот министер за индустрија и руди Ахмед Али Ебу Хејсе и министерот за високо образование и научни истражувања Имран Мухамед Абдунеби.

На остварените средби во Министерството во Анкара, министерот Варанк најпрвин го пречека либискиот министер за индустрија и руди Ебу Хејсе.

Министерот Мустафа Варанк во говорот што го одржа овде привлече внимание на историските врски помеѓу двете земји и нагласи дека како Турција ќе продолжат секогаш да бидат покрај Либија.

Укажувајќи дека постојат значајни можности за правење на нови почетоци по прашањето на интегрирање на Либија кон глобалната економија, Варанк рече: „Треба да го издигнеме на одредена точка потенцијалот на Либија особено во сферата на индустријата, рударството и иницијаторството. И тие кои ќе го направат тоа сме ние министрите, ќе продолжиме да работиме заедно.“

Гостинскиот либиски министер за индустрија и руди Ебу Хејсе исто така истакна дека многу и веруваат на Турција и рече дека посакуваат уште повеќе да ги развијат добрите односи помеѓу двете земји, особено во сферите на индустријата и инвестирањето во рудите.

Билатералната средба помеѓу двајцата министри Варанк и Ебу Хејсе продолжи затворена за печатот. 

На средбата беа разгледани работите коишто би можеле да бидат направени за развивање на прашањата за индустрија и инвестирање и постоечките механизми на соработка. 

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк потоа го пречека либискиот министер за високо образование и научни истражувања Имран Мухамед Абдунеби. 

Варанк истакна дека имаат намера да ја продолжат соработката со братската земја Либија.

Велејќи дека посакуваат двете земји да делуваат заедно особено во сферата на високото образование и активностите за истражување и развој, како и да работат заедно за зголемување на капацитетот на Либија, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк рече: „Заедно со изборите на крајот на 2021 година Либија ја очекува еден многу поразличен свет. Во новиот период треба заедно да го изнесеме на виделина потенцијалот на Либија.“

Линискиот министер за, високо образование и научни истражувања Имран Мухамед Абдунеби, исто така укажа дека средбата се остварува во еден многу значаен период и ја достави својата благодарност до турската Влада и турскиот народ.

Нагласувајќи дека двете земји низ историјата располагаа со значајни односи, Абдунеби рече дека и можеле да се подготват планови и по прашањата на новата соработка.

По одржаните говори, средбата помеѓу двајцата министри Варанк и Абдунеби продолжи затворена за печатот.

 



Слични вести