Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот авганистански колега Ханиф Атмар

Во разговорот беа разгледани случувањата и состојбата во врска со Истанбулската конференција чиј датум на одржување се очекува допрва да биде соопштен

1619582
Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот авганистански колега Ханиф Атмар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со својот авганистански колега Ханиф Атмар.

Според добиени информации од дипломатски извори, двајцата министри за надворешни работи , вчера остварија телефонски разговор.

Во разговорот беа разгледани случувањата и состојбата во врска со Истанбулската конференција чиј датум на одржување се очекува допрва да биде соопштен.

Турција, во координација и со Обединетите нации (ОН) и Катар води контакти со страните во Авганистан посветени на мировниот процес во оваа земја.

Министерството за надворешни работи на Турција за конференцијата во Истанбул работи во однос на земјите учесници, нивото на претставниците и редоследот на учество, а воедно се консултира на интензивен начин и со релевантните страни во однос на учеството.

Во тие рамки, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, освен со своите авганистански и катарски колеги остварува телефонски разговори и со надлежните на другите релевантни земји.

Дипломатски извори привлекуваат внимание дека разговорите со авганистанската страна се водат во целосна транспарентност и дека значајна предност претставува тоа што Турција располага со доверба и кај двете страни.



Слични вести