Египет посакува да ги развие своите односи со Турција кои ќе бидат во полза и на двете земји

Египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри истакна дека неговата земја посакува да ги развие своите односи со Турција кои ќе бидат во полза и на двете земји

1619429
Египет посакува да ги развие своите односи со Турција кои ќе бидат во полза и на двете земји

Египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри во дадената изјава за еден локален телевизиски канал во врска со остварениот телефонски разговор со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, истакна дека ги ценат изјавите и гестовите на Турција во последно време. 

Шукри рече дека посакуваат да воспостават односи со Турција во усогласеност со дијалогот и правилата на меѓународното право што ќе биде во полза и на двете страни.

Велејќи дека му се придава важност од фазата на политички показатели да се премине на фаза на политичко отворање во која се определува рамката на односите, Шукри потсети дека со Чавушоглу остварија разговор во рамките на взаемно честитање на доаѓањето на муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Египетскиот министер за надворешни работи Самих Шукри појасни дека разговорот е остварен по изјавите и сигналите коишто пристигнаа од страна на Турција во однос на значењето на Египет.

Велејќи „Египет посакува да воспостави односи во усогласеност со дијалогот и правилата на меѓународното право без да им се наштети на интересите што ќе биде во полза и на двете страни“, Самих Шукри укажа дека тогаш кога ќе се создаде неопходна основа му се придава значење и на одржување на овие разговори во вид на политички разговори.

Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 10 април оствари телефонски разговор со својот египетски колега Шукри Сина со кого си го честитаа муслиманскиот месец на постот Рамазан.

 



Слични вести