Заедничка декларација од Турција и Украина по остварената средба помеѓу Ердоган и Зеленски

По остварената средба помеѓу претседателот Ердоган и украинскиот претседател Зеленски и разговорите помеѓу делегациите на Турција и Украина вчера во Истанбул, е објавена заедничка декларација

1618888
Заедничка декларација од Турција и Украина по остварената средба помеѓу Ердоган и Зеленски

По средбата и разговорите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера во Истанбул, е објавена заедничка декларација.

Во заедничката декларација објавена по остварените разговори помеѓу делегациите на Турција и Украина во дворецот Хубер, е одлучено да биде продолжена координацијата по прашањето на чекорите со коишто се има за цел повторно воспоставување на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, на чело со повторното потврдување на безусловната поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и ослободувањето од окупација на Автономната Република Крим и градот Сивастопол и областите Донетск и Луханск.

Во заедничката декларација е одлучено да се формира Кримска платформа како нов формат за разгледување на анексијата на Крим од страна на Руската Федерација, која е реализирана спротивно на правото и незаконски.

Во декларацијата е одлучено да се водат во координација напорите во рамките на меѓународното право со цел одбрана на човековите права во Автономната Република Крим и градот Сивастопол кои се наоѓаат под привремена окупација и ослободување на сите украински граѓани вклучувајќи ги и кримските Татари кои се притворени спротивно на правото.

Во заедничката декларација се нагласува перспективата на Украина за членство во НАТО и се подвлекува следното: „Одлучено е со посредство на билатералните и мултилатералните механизми вклучувајќи го и НАТО, да се зголеми соработката за поддршка на безбедноста и стабилноста во регионот на Црното Море.“

 



Слични вести