Турција ќе изгради 500 станови за кримските Татари во Украина

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум информира дека Турција во Украина, во главниот град Киев и во градовите Миколајив и Керсон ќе изгради 500 станови за кримските Татари

1618895
Турција ќе изгради 500 станови за кримските Татари во Украина

Турција во Украина, во главниот град Киев и во градовите Миколајив и Керсон ќе изгради 500 станови за кримските Татари.

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и бројни министри во негова придружба кои вчера престојуваа во официјална посета на Турција, а чиј домаќин беше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, учествуваше на 9. состанок на Стратешкиот совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Украина.

Велејќи дека со украинскиот заменик премиер Олексиј Резников потпишаа рамковен договор за соработка во сферата на изградбата на станови за категориите за искористување од страна на претставниците на кримскиот татарски народ и украинските граѓани, министерот Курум го напиша следното: „Во рамките на договорот којшто претставува прв конкретен чекор во врска со нашиот проект за изградба на станови за нашите сонародници кримски Татари кои беа принудени да напуштат својата татковина, со посредство на Претседателството на Управата за колективни станови (ТОКИ) ќе изградиме 500 станови во градовите Киев, Миколајив и Керсон. Проектот којшто ќе го реализираме посакуваме да придонесе за фрлање на нови чекори по прашањата на животната средина и урбанизацијата помеѓу нашите земји, отсега посакувам работата што ќе ја реализираме заедно да биде аирлија за турско-украинското партнерство.“

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели и сликани фотографии од 9. состанок на Стратешкиот совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Украина.

 



Слични вести