Порака со сочувство од Шентоп до претседателот на Претставничкото Собрание на Египет ел-Гебали

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп испрати порака со сочувство до претседателот на Претставничкото Собрание на Египет Ханафи Али ел-Гебали по повод железничката несреќа во Египет

1618756
Порака со сочувство од Шентоп до претседателот на Претставничкото Собрание на Египет ел-Гебали

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп испрати порака со сочувство до претседателот на Претставничкото Собрание на Арапска Република Египет Ханафи Али ел-Гебали по повод трагичната железничка несреќа во Египет.

Според објавеното соопштение од координаторството за комуникација на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), претседателот Мустафа Шентоп испрати порака со сочувство до претседателот на Претставничкото Собрание на Египет ел-Гебали.

Шентоп во пораката го напиша следното: "Со жалење дознав за големиот број загинати и десетиците повредени лица во железничката несреќа што се случи во областа Тахта во провинцијата Сухаџ во Египет. Со ваше посредство го изразувам моето сочувство до египетскиот народ, на починатите во несреќата им посакувам милост од Севишниот, на семејствата им посакувам трпение, на повредените побрзо оздравување. По тој повод вам ви посакувам здравје и спокојство."

 



Слични вести