Калин: Секој вид тензичност и конфликт во Црното Море и регионот ќе биде во штета на сите
Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Украина и дека секој вид тензичност и конфликт во Црното Море и регионот ќе биде во штета на сите
1619087


Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со присутната тензија помеѓу Украина и Русија.
Ибрахим Калин истакна дека Турција застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Украина и дека секој вид тензичност и конфликт во Црното Море и регионот ќе биде во штета на сите.
Калин во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Турција застанува во одбрана на територијалниот интегритет на Украина и на правата на кримските Татари и го поддржува решавањето на проблемите помеѓу Русија и Украина по пат на преговори. Секој вид тензичност и конфликт во Црното Море и регионот ќе биде во штета на сите.“