Ердоган: Во периодот „Ковид-19“ од 142 земји се донесени на лекување во Турција повеќе од 100 илјади наши граѓани

Претседателот Ердоган истакна дека од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од 142 земји во светот се донесени на лекување во Турција повеќе од 100 илјади турски граѓани

1619031
Ердоган: Во периодот „Ковид-19“ од 142 земји се донесени на лекување во Турција повеќе од 100 илјади наши граѓани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата работна канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул ги прими членовите на Централниот одлучувачки и управен одбор (MKYK) на женските и младински ограноци на Меѓународната унија на демократи (УИД или UID).

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган истакна дека од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од 142 земји во светот се донесени за лекување во Турција повеќе од 100 илјади турски граѓани.

Тој информира дека Турција во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега им испрати помош на 157 земји и на 12 меѓународни организации.

Укажувајќи дека денеска во цела Европа живеат приближно 6 милиони Турци, претседателот Ердоган во својот говор го рече следното: „Чувствуваме гордост од тоа што гледаме дека Турците во Европа имаат се поголем придонес во политичкиот, културниот, економскиот и социјалниот живот во земјите во кои живеат. Успехот на нашите професори (основачкиот партнер на германската биотехнолошка компанија БиоНТек професорот доктор) Угур Шахин и (доктор) Озлем Туреџи што го постигнаа со развивање на вакцината против Ковид-19, отоврено покажаа што сѐ би можел да направи нашиот човек доколку му се даде поддршка и можност. Овие видови убави примери истовремено им влеваат доверба и храброст и на мигрантските заедници, а не само Турците во Европа.“

Претседателот Ердоган напомена дека Турција ќе излезе посилна од процесот на епидемијата на Ковид-19 и го подвлече следното: "Ќе ја продолжиме нашата борба против епидемијата преземајќи ги мерките и препуштајќи се на волјата на Севишниот."

 



Слични вести