Средба на претседателот Ердоган со украинскиот претседател Зеленски

Претседателот Ердоган во дворецот Хубер во Истанбул се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски

1618695
Средба на претседателот Ердоган со украинскиот претседател Зеленски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во дворецот Хубер во Истанбул се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Инаку, Зеленски денеска допатува во Турција во рамките на 9. состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Украина.

По средбата којашто започна во 15:45 часот по турско време, двајцата лидери преминаа на состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Украина.

По церемонијата на потпишување на низа договори помеѓу двете земји, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе одржат заедничка прес-конференција и ќе учествуваат на официјалната вечера којашто ќе биде приредена од страна на претседателот Ердоган во чест на неговиот украински колега Зеленски.

 



Слични вести