Реакција од Алтун на поддршката на Грција на терористичката организација ПКК

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун покажа реакција против Грција поради поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1618401
Реакција од Алтун на поддршката на Грција на терористичката организација ПКК

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава на англиски јазик во врска со поддршката којашто Грција ја дава на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Фахреттин Алтун заедно со објавата во која ја изнесува својата реакција против Грција поради поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ПКК сподели и триминутно видео во кое се раскажува и за борбата на, Турција против терористичките организации ДЕАШ, ФЕТО и ПКК.

„Грција им пружа уточиште на терористичките организации, на чело со ПКК. Додека вистинските мигранти се препуштаат на смрт во Егејот, терористите кои се вгнездени во еден таканаречен бегалски камп во границите на Европската унија оттука планираат самоубиствени напади и терористички акции против членката на НАТО Турција.“ - констатира Алтун.

Во споделеното видео се подвлекува дека и покрај одлучната борба на Турција против тероризмот, некои странски земји им помагаат на овие терористички групи.

Во видеото се истакнува дека Грција е дојдена во положба на засолниште ѝ за сепаратистичко-терористичката организација ПКК ѝ за Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, а воедно се вели дека терористичкиот водач Абдула Оџалан во 1999 година замина за Атина и притоа користеше пасош на јужната кипарско-грчка управа.

Се потсетува дека терористичкиот водач беше фатен во Најроби на пат од резиденцијата на грчкиот амбасадор кон аеродромот и дека Оџалан за време на неговото судење  призна како Грција со години ја поддржува сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во видеото се нагласува дека Оџалан рече дека милитантите на ПКК добиваат воена обука во кампот Лаврио во Грција и се потцртува дека кампот за кој станува збор сеуште делува.

Се појаснува дека освен тоа Грција по обидот за пуч од 15 јули им даде отворена поддршка на припадниците на ФЕТО, така да пучистите кои избегаа во оваа земја наместо да бидат предадени тие таму шетаат слободно.

Во видеото се вели дека Анкара ги повикува земјите сојузнички на НАТО а пред се нејзиниот сосед Грција да ја поддржат Турција во секој вид борба против терористичките организации.

 



Слични вести