Порака со честитка од Ердоган по повод 176-годишнината од формирањето на Турската полициска служба

Претседателот Ердоган испрати порака со честитка до генералниот директор на полицијата Мехмет Акташ по повод одбележувањето на 176-годишнината од формирањето на Турската полициска служба (на 10 април 1845 година)

1618354
Порака со честитка од Ердоган по повод 176-годишнината од формирањето на Турската полициска служба

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека едниот од најзначајните елементи за развојот, напредокот и просперитетот на земјите е воспоставувањето на стабилноста, спокојството и средината на доверба.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган испрати порака со честитка до генералниот директор на полицијата Мехмет Акташ по повод одбележувањето на 176-годишнината од формирањето на Турската полициска служба (на 10 април 1845 година).

Ердоган во пораката ја честита 176-годишнината од формирањето на Турската полициска служба која претставува гаранција за безбедноста и спокојството, животната и имотната безбедност на граѓаните.

„Несомнено едниот од најзначајните елементи за развојот, напредокот и просперитетот на земјите е да се воспостави стабилноста, спокојството и средината на доверба.“ - констатира претседателот Ердоган.

„Во таа насока и нашата полициска служба презема значајни задачи во одбраната на безбедноста и спокојството на сите четири страни на нашата земја, на чело со борбата против тероризмот и организираниот криминал, работи деноноќно со голема самопожртвуваност, храброст и јунаштво. Најголемата сила на припадниците на нашата полициска служба при исполнување на својата задача, е високата свест на извршување на својата задача замесена со довербата на нашиот народ и татковинската љубов. Нашата полициска служба го зазеде своето место во првите редови и во тешката борба што ја водиме против епидемијата на коронавирусот. Ја доставувам мојата благодарност во името на мојата земја и мојот народ до сите наши полицајци кои ја извршуваат својата задача за нашиот честит народ, по цена и на својот живот. Со милост се сеќавам на сите шехиди (загинати припадници) на нашата полициска служба, на нашите газии (ветерани) им посакувам здрав и долг живот. Повторно и ја честитам 176-годишнината на нашата турска полициска служба и Неделата на полицијата, на сите наши претставници на полицијата кои се повoд за гордост за нашиот народ им посакувам успех, ги поздравувам од сѐ срце, со најискрени чувства.“ - стои во пораката со честитка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести