Министерот за национална одбрана Хулуси Акар престојуваше во посета на Велика Британија

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на посетата на министерот Акар на В. Британија се разменети знаења и мислења во однос на бројни билатерални и регионални прашања, пред се за НАТО, Авганистан, Источниот Медитеран и Црното Море

1618341
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар престојуваше во посета на Велика Британија

Во рамките на посетата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар на Велика Британија се разменети знаења и мислења во однос на бројни билатерални и регионални прашања, пред се за НАТО и случувањата во  Авганистан, Источниот Медитеран и Црното Море.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана, се потсетува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар од 7 до 9 април на покана на британскиот министер за одбрана Бен Валас престојуваше во официјална посета на Лондон.

Во соопштението се истакнува следното: „Двајцата министри потврдија дека споделуваат исти заеднички и слични ставови во однос на бројни прашања, постигнаа согласност заедничкото работење по прашањето на тоа дека ќе биде корисно од аспект на зачувувањето и одбраната на правата и интересите на билатерално ниво и на НАТО. Освен тоа е направена проценка на работите коишто би можеле да се реализираат за зголемување на соработката во одбранбената индустрија.“

Според соопштението, на разговорите министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Обединетото Кралство фрла одредени чекори во врска со спречувањето на активностите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, но рече дека се очекува да, се направи уште повеќе по ова прашање.

Привлекувајќи внимание дека Обединетото Кралство се една од земјите во кои терористичката организација ФЕТО е сеуште активна и дека треба да и се даде поддршка на Турција и да бидат фрлени конкретни чекори во борбата против ФЕТО.

 



Слични вести