Ердоган: Нашата основна цел е Црното Море да продолжи да е море на мирот, спокојството и соработката

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул рече: „Нашата основна цел е Црното Море да продолжи да е море на мирот, спокојството и соработката“

1618752
Ердоган: Нашата основна цел е Црното Море да продолжи да е море на мирот, спокојството и соработката
Cumhurbaşkanı Recep Tayyip Erdoğan Ukrayna Devlet Başkanı Zelenskiy.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Истанбул се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски кој допатува во официјална посета на Турција.

Двајцата лидери, по остварената средба лице в лице и меѓуделегациските разговори, одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган истакна дека нивната основна цел е Црното Море да продолжи да е море на мирот, спокојството и соработката.

Тој рече: „Нашата основна цел е Црното Море да продолжи да е море на мирот, спокојството и соработката. Како Турција на силен начин ги браниме територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Присутната криза (на границата помеѓу Русија и Украина) веруваме дека треба да се реши со мирољубиви, дипломатски методи на основа на територијалниот интегритет и меѓународното право.“

Претседателот Ердоган потцрта дека соработката помеѓу Турција и Украина апсолутно не претставува иницијатива против трети земји.

Ердоган на средбата со својот украински колега Зеленски истакна дека уште еднаш ја потврдија принципиелната одлука во правец на непризнавање на анексијата на Крим. 

„Истакнавме дека ја поддржуваме иницијативата Кримска платформа на Украина со која се има за цел да ја состане меѓународната заедница по прашањето на Крим.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пак, го рече следното: „Од крајно значење е поддршката што ја дава Турција за повторното воспоставување на нашиот суверенитет и територијален интегритет.“

 



Слични вести