Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1618210
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се е неутрализиран четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека терористите од подрачјето на Тел Рифат отвориле провоцирачки оган врз елементите на Турските вооружени сили (ТВС) во подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Во соопштението се вели дека во дадениот одговор од страна на турските војници се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Од друга страна, непрекинато продолжуваат и активностите коишто се водат со цел предавање по пат на убедување на припадниците на терористичката организација која поради реализираните ефикасни операции во поселдно време е влезена во процес на распаѓање.

Во тие рамки, тројца терористи од кои една жена кои избегале од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на жандармериските сили во градот Мардин.



Слични вести