Шентоп: „Спремни сме за безусловен дијалог во однос на Заливот и Блискиот Исток“

Турција е подготвена на безусловен дијалог со сите земји во регионот

1617724
Шентоп: „Спремни сме за безусловен дијалог во однос на Заливот и Блискиот Исток“

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп рече дека Турција, безбедноста и стабилноста во Персискиот залив не ја одвојува од својата безбедност и стабилност. Турција е подготвена на безусловен дијалог со сите земји во регионот“.

Мустафа Шентоп го прими министерот за надворешни работи и кабинетски работи на Кувајт, шеикот Ахмед Насир ал-Мухамед ал-Сабах.

Шентоп на приемот изрази задоволство и чест што има можност да го прими министерот Ал-Сабах и делегацијата во негова придружба во Парламентот, потенцирајќи дека  Турција и Кувајт се две пријателски и братски земји и имаат длабоко вкоренети врски  односи кои датираат од историјата. Гледано од тој аспект Кувајт отсекогаш има исклучително место за Турција“.

Шентоп посочи дека светот минува низ многу важни периоди и дека новиот тип на епидемиски процес на коронавирус (Ковид-19) може да биде предизвик за сите општества и држави и изјави дека треба да се зголемат соработката и солидарноста за да се надминат истите, која потреба станува се поизразена во многу земји.

Турција и Кувајт се две братски земји кои усвоија слични ставови и идеи во многу области, рече Шентоп, потенцирајќи дека постои силна волја за заедничко унапредување и развој на односите од трговијата до индустрија, од здравството до туризмот, односно во сите сектори за просперитет на двете земји. Мустафа Шентоп во продолжение рече: „Ние исто така придаваме големо значење на улогата на Кувајт како медијатор во регионот и нејзиниот конзистентен пристап во контекст на решавање на прашањата преку дијалог. Во овој контекст, ние ги цениме вашите напори и успех во окончувањето на неправедната блокада наметната од арапскиот квартет против Катар и повторно воспоставување на дијалогот“.

„Турција, на безбедноста и стабилноста на регионот на Персискиот залив, не гледа одвоено од својата безбедност и стабилност“ рече Шентоп потенцирајќи дека „Силниот дијалог развиен меѓу сите братски земји во Персискиот Залив и Блискиот Исток, е единственото решение за мирот и стабилноста. Турција е подготвени за безусловен дијалог со сите земји во регионот“ подвлече Шентоп.



Слични вести