Повик од претседателот на „YTB“ Абдуллах Ерен до Франција да стапи во акција против нападите врз Турците

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдулах Ерен ја повика Франција да стапи во акција против нападите на поддржувачите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз Турците во оваа земја

1617925
Повик од претседателот на „YTB“ Абдуллах Ерен до Франција да стапи во акција против нападите врз Турците

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) Абдуллах Ерен на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака со повик до Франција да стапи во акција против нападите на симпатизерите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз Турскиот културен центар и месџидите во градот Марсеј во Франција.

Абдулах Ерен во споделената објава истакна дека поддржувачите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК извршуваат напади врз Турскиот културен центар и месџидите во францускиот град Марсеј и го напиша следното: „Ова е четврти напад за една недела насочен против турската заедница во Франција! Веќе ја повикуваме Франција да го направи неопходното за овие терористи кои и наштетуваат и на тамошната јавна безбедност.“

 



Слични вести