Лондон: Турција е значаен НАТО сојузник и партнер за продолжување на безбедноста во Медитеранот и Црното Море

Британскиот министер за одбрана Бен Валас истакна дека Турција е значаен НАТО сојузник и партнер за продолжување на безбедноста во Медитеранот и Црното Море

1618326
Лондон: Турција е значаен НАТО сојузник и партнер за продолжување на безбедноста во Медитеранот и Црното Море

Од страна на Министерството за одбрана на Велика Британија е објавено писмено соопштение во врска со дводневната посета на министерот за национална одбрана Хулуси Акар на Лондон која започна вчера.

Во соопштението се истакнува дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја посетува Велика Британија во знак на потврдување на блиската соработка помеѓу Велика Британија и Турција во однос на одбранбени и безбедносни прашања, како две НАТО сојузници.

Се наведува дека за време на посетата двајцата министри за одбрана, Валас и Акар, направија проценка за тоа како Турција и Велика Британија би можеле да работат заедно и со меѓународните партнери по прашањето на регионалната безбедност и поддршката на борбата против терористичката организација ДЕАШ. Се нагласува дека и двете земји се членки на меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ.

Во соопштението се вели дека британскиот премиер Бен Валас за време на посетата го прошетал министерот за национална одбрана Хулуси Акар на бродот носач „Prince of Wales“ кој е укотвен во поморската база Portsmouth и притоа на бродот Валас, Акар и претставниците за одбранбена индустрија на Велика Британија одржаа состанок.

Во истото соопштение им се одделува место на ставовите на британскиот министер за одбрана Бен Валас кој истакна дека Турција е значаен НАТО сојузник и партнер за неговата земја, за продолжување на безбедноста на Медитеранот и Црното Море.

Валас рече: „Турција, е значаен НАТО сојузник и партнер за Велика Британија, за продолжување на безбедноста во Медитеранот и Црното Море. Чувствувам радост од угостување на министерот Акар во Велика Британија за одржување продуктивни разговори по прашањето на тоа како би можеле уште повеќе да ги развиеме силните одбранбени односи меѓу нашите нации во низа сфери од воените вежби и операциите на НАТО до индустриската соработка.“

 



Слични вести