Во терористички напад во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Сирија загинаа двајца турски војници

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во извршен напад од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Маслиново гранче станаа шехиди (загинаа) двајца наши соборци“

1616905
Во терористички напад во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во Сирија загинаа двајца турски војници

Во терористички напад во подрачјето на операцијата Маслиново гранче во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во извршен напад од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата Маслиново гранче станаа шехиди (загинаа) двајца наши соборци.“

Министерството за национална одбрана соопшти дека е отворен оган врз утврдените цели во областа и дека притоа се неутрализирани тројца терористи.

Турските вооружени сили (ТВС) ова подрачје во северозападниот дел на Сирија го исчистија од тероризмот со реализираната прекугранична операција Маслиново гранче во периодот јануари-март во 2018 година.



Слични вести