Турција ги осуди „намерните неморални изрази“ на грчкиот заменик министер Варвициотис

„Жестоко ги осудуваме неморалните изрази, кои не се во усогласеност со политичките и дипломатските конвенции, а кои ги изнесе грчкиот заменик министер Милтиадис Варвициотис во интервју за еден телевизиски канал“ - се вели во соопштението на МНР

1616911
Турција ги осуди „намерните неморални изрази“ на грчкиот заменик министер Варвициотис

Турција ги осуди „намерните неморални изрази“ коишто ги употреби грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи во врска со ова прашање се истакнува следното: „Жестоко ги осудуваме неморалните изрази, кои не се во усогласеност со политичките и дипломатските конвенции, а кои ги изнесе грчкиот заменик министер Милтиадис Варвициотис во интервју за еден телевизиски канал, во врска со нашата земја и нашиот почитуван претседател (Реџеп Тајјип Ердоган).“

„Во период кога фрламе нови чекори за продолжување на дијалогот помеѓу Турција и Грција којшто е започнат како резултат на залагањата на нашата земја, го сметаме за намерно тоа што грчките функционери инсистираат во продолжувањето на провоцирачките реторики за зголемување на затегнатоста насочени кон нашата земја, како и наводите на грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис.

Го повикуваме политичкото лидерство на Грција на одговорност, здрав разум и искреност во реториките насочени кон нашата земја, со цел повторно профункционерање на каналите за дијалог помеѓу двете земји. “ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести