Турската крајбрежна стража во близина на Дикили кај Измир спаси 64 турнати мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на Дикили кај градот Измир спасија 64 мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1617123
Турската крајбрежна стража во близина на Дикили кај Измир спаси 64 турнати мигранти

Во населеното место Дикили кај градот Измир се спасени и извадени на копно 64 мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека во близина на Дикили се наоѓаат група мигранти качени на гумен чамец, на утврденото место е испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени 64 мигранти качени на гумен чамец за кои е установено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати кон турските територијални води.

Спасените мигранти кои се извадени на копно по законските постапки се испратени во Дирекцијата на управата за миграција.



Слични вести