Средба на министерот за надворешни работи Чавушоглу со својот кувајтски колега Ахмед Насир ал Сабах

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа заедничка прес-конференција со кувајтскиот министер за надворешни работи и министерот одговорен за кабинетот Шејх Ахмед Насир ал Мухамед ал Сабах

1617420
Средба на министерот за надворешни работи Чавушоглу со својот кувајтски колега Ахмед Насир ал Сабах
Ahmed Nasır Muhammed es-Sabah-Mevlut Cavusoglu.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Анкара се состана со министерот за надворешни работи и министерот одговорен за кабинетот на Кувајт Шејх Ахмед Насир ал Мухамед ал Сабах.

Двајцата министри кои учествуваа и на состанокот на Заедничкиот комитет за соработка помеѓу Турција и Кувајт, потоа одржаа заедничка прес-конференција. 

Министерот Чавушоглу истакна дека чувствува задоволство од тоа што се едногласни со Кувајт во однос на регионални прашања.

Велејќи дека со својот кувајтски колега ги разгледаа односите помеѓу двете земји и регионални прашања, Чавушоглу рече: „Чувствувам задоволство од тоа што сме едногласни во однос на регионални прашања. Целта и на двете земји е мирот, стабилноста, спокојството и економскиот развој во регионот.“

Министерот за надворешни работи истакна дека заслужува ценење посредничката улога што ја презеде Кувајт во однос на регионални прашања и дека Турција ќе продолжи да ја поддржува оваа значајна критична улога на Кувајт.

Кувајтскиот министер за надворешни работи и министерот одговорен за кабинетот Шејх Ахмед Насир ал Мухамед ал Сабах пак, истакна дека односите помеѓу Турција и Кувајт се со обемен опсег и дека обостраните посети ќе продолжат, а воедно нагласи дека посакуваат да ја развијат соработката помеѓу двете земји. 

Шејх Ахмед Насир ал Мухамед ал Сабах им се заблагодари на пријателска Турција и на сите земји за доставената поддршка по прашањето на решавањето на Заливската криза.

 



Слични вести