Претседателот Ердоган ќе учествува на онлајн самитот на Д-8

Во објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството се истакнува дека со овој самит претседателствувањето со Д-8 кое од 20 октомври 2017 година се води од страна на Турција ќе му биде предадено на новиот претседавач Бангладеш

1616901
Претседателот Ердоган ќе учествува на онлајн самитот на Д-8

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе учествува на 10. Самит на Организацијата на осум земји во развој (Д-8) чиј домаќин е Бангладеш и кој ќе се одржи онлајн преку интернет.

Во објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството се истакнува дека со овој самит претседателствувањето со Д-8 кое од 20 октомври 2017 година се води од страна на Турција ќе му биде предадено на новиот претседавач Бангладеш.

На самитот што ќе се одржи на тема „Соработка за трансформациски свет: Искористување на силата на младите и технологијата“, освен шефовите на држави и премиери на влади на осумте земји членки на организацијата, ќе учествува и претседателот на Исламската банка за развој кој е поканет на самитот како специјален гостин.

На 10. Самит на Организацијата на осум земји во развој (Д-8) ќе се разговара за прашања посветени на трговската и економската соработка на дневниот ред на Д-8, а ќе бидат разменети и мислења во однос на актуелни регионални и меѓународни прашања.

На самитот, освен координацијата во борбата против коронавирусот се има за цел да им се придаде интензитет на активностите за соработка коишто се водат во различни сфери во склопот на организацијата, да се изнесе визијата за иднината и со таа цел да се зацрта патната карта по овие прашања.

На крајот на 10. Самит на Организацијата на осум земји во развој (Д-8) се предвидува да бидат усвоени и два документи „Декларацијата од Дака“ и „10 годишната патна карта на Д-8“.
 



Слични вести