Министерот Хулуси Акар оствари видео-конференциска средба со својот азербејџански колега Закир Хасанов

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари видео-конференциска средба со азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов

1616937
Министерот Хулуси Акар оствари видео-конференциска средба со својот азербејџански колега Закир Хасанов
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Azerbaycan Savunma Bakanı Zakir Hasanov Video Telekonferans2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари видео-конференциска средба со азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, започна заедничката обединета воена вежба за командна контрола и МЕБС и заедничката командоска воена вежба на Вооружените сили на Турција и Азербејџан.

По тој повод министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари видео-конференциска средба со азербекјџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов.

На средбата, министерот Хулуси Акар, Турција и Азербејџан ги окарактеризира како две земји кои својата сила ја добиваат од заедничкото историско и културно единство и кои се приклештени една со друга со цврсти врски, а воедно истакна дека како во минатото така и денеска, двете земји се обединети и во заедничката судбина што ја споделуваат.

Министерот Акар рече: „Фала му на Бога завршија неправдата, тешкотиите на нашите браќа во Карабах, коишто 30 години како продолжуваат. Овој постигнат успех ќе биде запишан со златни букви во историјата.“ 

Велејќи дека јуначката азербејџанска армија на крајот на судирите коишто започнаа во септември и траеја 44 дена, извојува славна победа, министерот Хулуси Акар рече: „Нашето братство коешто зајакнува во секоја сфера во рамките на принципот еден народ, две држави, нашето единство и заедништво, со ослободувањето на Карабах речиси се уште повеќе зацврстени, станаа челични. Тоа го виде целиот свет. Со успешното завршување на планот за операција којшто го нарековме единствена татковина, турската тупаница се спушти врз ерменската глава. Фала му на Бога завршија неправдата, тешкотиите на нашите браќа во Карабах, коишто 30 години како продолжуваат. Овој постигнат успех ќе биде запишан со златни букви во историјата.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар воедно го нагласи и значењето за нормализирање во најскоро време на животот на ослободените азербејџански територии од окупација.

 



Слични вести