Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Ерен-10“ се зголеми на 10

Во операцијата „Ерен-10“ во областа Домуз Даги во подрачјето Бестлер Дерелер кај градот Ширнак се неутрализирани уште двајца терористи од кои еден од црвената категорија со што бројот на неутрализираните терористи се зголеми на 10

1617364
Бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Ерен-10“ се зголеми на 10

Во рамките на операцијата „Ерен-10“ во областа Домуз Даги во подрачјето Бестлер Дерелер кај градот Ширнак се неутрализирани уште двајца терористи од кои еден од списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Ерен-10“ се зголеми на 10.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, продолжува операцијата „Ерен-10“ којашто се реалиизра против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во  областа Домуз Даги во подрачјето Бестлер Дерелер кај градот Ширнак.

Во вооружената престрелка до којашто дојде за време на операцијата помеѓу безбедносните сили и терористите се неутрализирани уште двајца наоружани терористи на ПКК.

Операцијата во подрачјето продолжува.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со операцијата „Ерен-10“ соопшти дека бројот на неутрализираните терористи се зголеми на 10 терористи од кои еден од списокот на барани терористи од категоријата означена со црвена боја.



Слични вести